Во натпреварот од 29. коло на шпанскиот шампионат Реал Мадрид ја совлада Валенсија со 3:0, а вториот гол на оваа средба беше дело на Марко Асенсио.
Асенсио погоди во 74-та минута од средбата, откако го совлада голманот на противничката екипа по првиот допир на топката по неговото влегување во игра. Напаѓачот се врати на терените по 330 дена, откако се повреди на пријателскиот натпревар одигран на 24 јули 2019 година, во кој беше сериозно повреден.
На оваа средба два гола постигна Карим Бензема, а за вториот гол асистент беше токму Марко Ансенсио кој во 86-та минута му асистираше на Бензема за конечните 3:0. Со оваа победа Реал Мадрид се врати на минус два бода во однос на лидерот Барселона, екипа која вечерва гостувакај Севиља, а Реал Мадрид во недела му оди на мегдан на Реал Сосиедад.