Фудбалерите на Ливерпул денеска ги очекува мечот со Евертон во рамките на Премир лигата. Нивниот тренер, Јирген Клоп, очигледно свесен дека финишот на сезоната ќе биде само формалност и дека ќе ја освои шампионската титула, повеќе размислува околу ситуацијата со корона-вирусот.
Стратегот на задолжителниот прес, испрати остри критики за лабавите мерки што се на сила во Англија и ги спореди со тие што се практикуваат во неговата татковина, Германија.
„Не разбирам зошто започнавме да носиме маски во затворено на 15 јуни додека во други земји тоа се прави веќе 5-6 недели. Може да се расправа дали се корисни, но факт е дека во земјите во кои сеносат маските, бројот на жртви е помалку отколку во Англија. Јас ќе продолжам да ги носам се додека не објават дека пандемијата е завршена“ – потенцирал Клоп.