Босанскиот репрезентативец Миралем Пјаниќ се поврзуваше со Челзи во последните неколку недели, но италијанските медиуми велат дека таков трансфер веројатно нема да се реализира. Италијанските медиуми објавија дека Сари сака да го донесе својот миленик Жоргињо во клубот, а Јувентус му го понудил на Челзи, токму Пјаниќ во замена за него.
„Калчомеркато“ утрово објави дека Челзи официјално му кажал на Јувентус дека нема никаков интерес за размената на играчи. Наводно, Френк Лампард се вклучил во преговорите, истакнувајќи дека Жоргињо е важен дел од играта на тимот и не смета дека Пјаниќ е добра солуција за негова замина.