Ливерпул му понудил на Наполи сума од 60 милиони евра за дефанзивецот Калиду Кулибали, но ова не е доволно за Наполи да му дозволи да си замине. Како што пишува „Кориере дело Спорт“, барањата на неаполитанците и натаму се за сума од 100 милиони евра, доколку некој сака да го купи нивниот одбрандбен фудбалер.
Во исто време беше објавено дека Наполи нема да прави отстапки во преговорите за продажба на Кулибали, дури и покрај падот на вредноста на играчите ширум светот поради пандемијата на коронавирус.

