Тренерот на фудбалерите на Барселона, Кике Сетиен, се осврна на спорните ситуации на вчерашниот дуел меѓу Реал Сосиедат и Реал Мадрид кои на крајот беа пресудени во корист на „кралевите“.
„Постојат работи што не можеме да ги контролираме. Само треба да победуваме. За вчерашниот натпревар, сите видеа што се случи, сите ќе донесат нивни пресуди. Јас се фокусирам на нас“ – вели Сетиен.
ВАР е алатка што ја имаме и што може да нè направи подобри. Фер е да се запрашаме зошто некои акции (ситуации) се разгледуваат а другите не“ – нагласи Сетиен.