Фабио Паратичи, спортскиот директор на фудбалскиот состав Јувентус, потврди дека Миралем Пјаниќ ќе го напушти Торино и ќе се пресели во Барселона додека во спротивна насока ќе се упати Бразилецот, Мело.
„Разговаравме со Барселона за размената Артур – Пјаниќ. Двата тима сега се фокусираат на натпреварите до крајот на сезоната и затоа ќе мора да почекаме“ – изјави Паратичи.
„Старата дама“ вчера славеше на теренот на Болоња со што ја задржа првата позиција во Серија „А“.

