Тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, верува дека неговиот тим може да остане во трката за титулата во Серија „А“ иако Јуве и Лацио засега имаа одредена бодовна предност. „Нероаѕурите“ пред два дена славеа против Сампдорија со што го продолжија притисокот врз водечката двојка.
„Не се откажуваме од титулата. Ќе мора да ја подобриме играта, правиме грешки, но, добро е што ги сведуваме на минимум. Треба да бидеме подобри“ – потенцирал Конте.
„Јувентус може да извлече максимум на секој меч. Лацио исто така се бори за првото место. Мојот Интер ќе остане максимално фокусиран на битката за пехарот. Ќе видиме што ќе се случи“ – вели искусниот стратег.

