Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Вардар и официјално е шампион на Македонија
    Фудбал

    Вардар и официјално е шампион на Македонија

    risteBy riste26/06/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар е прогласен за шампион на Македонија, во прекинатото првенство од сезоната  2019/20.

    „Црвено-црните“ беа лидери цела сезона, а отккао Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за прекин на првенството, избраниците на тренерот Александар Васоски денес и официјално се крунисани за шампиони.

    Вардар пред прекинот имаше десет бода повеќе во однос на второпласираниот Силекс, односно единаесет повеќе од Шкендија. За жал Вардар иако ја освои титулата нема да ја претставува Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите,  затоа што не доби европска лиценца.

     

    „Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го прифати предлогот од Комисијата за натпреварување во однос на замрзнатата табела на МФЛ од натпреварувачката сезона 2019/20 година по одиграно 23 коло од  ПМФЛ и 17 коло од ВМФЛ, со која првопласираните екипи од ВМФЛ-Исток и ВМФЛ-Запад се промовирани во ПМФЛ од натпреварувачката сезона 2020/21 и Вардар како првопласиран тим во натпреварувачката сезона 2019/20. Иако, како првопласираната екипа, Вардар доби можност да учествува во квалификациите од Лигата на шампиони, поради недобиената лиценца за УЕФА натпреварувања, Вардар нема можност да го искористи правото кое му следува како првопласирана екипа за натпреварувачка 2019/20“, се вели во соопштението на Фудбалската федерација на Македонија.

    За Вардар ова беше единаесетта титула во ПМФЛ во историјата, или вкупно 12 првенствена, заедно со онаа од југословенскиот шампионат. Во македонската Прва лига, „црвено-црните“ шампиони беа во сезоните: 1992/93, 1993/94, 1994/95, 2001/02, 2002/03, 2011/12, 2012/13, 2014/15, 2015/16, 2016/17, 2019/20.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.