19-годишниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ангел Гомес, ќе си замине од „олд Трафорд“ бидејќи не ја добив посакуваната минутажа. Тоа го поврди и тренерот на англискиот состав Оле Гунар Солскјер.
„Ништо не сум слушнал околу евентуален нов договор на Гомес, мислам дека ништо нема да се случи. Гомес е одлично младо момче, му понудивме договор а ако не го прифати му пожелувам се најдобро.“ – изјави Солскјер.
Според дел од медиумите во Англија, за младиот фудбалер се заинтересирани неколку екипи од Италија а се споменува и францускиот ПСЖ.