Дефанзивецот на фудбалскиот состав Милан, Давиде Калабрија, наскоро може да си замине од стадионот „Сан Сиро“ иако неговиот агент, Алесандро Луси, се обидува да издејствува продолжување на соработката со италијанскиот гигант.
Според „Калчо меркато“, преговорите досега немаат напредок и затоа се претпоставува дека играчот ќе се раздели со „росонерите“. 23-годишниот Калабрија е производ на школата во Милано. Од 2015 година тој е дел од првиот тим.
Неговата вредност на трансфер- пазарот е околу 10 милиони евра. Според наведеното, за неговиот потпис се заинтересирани Фиорентина и Болоња.

