Интер продолжува да работи на трансфер пазарот во пресрет на следната сезона. Во текот навчерашниот ден, дефанзивецот на Реал Мадрид, Ашраф Хакими пристигна во Милано каде ги направи лекарски преглед, а потоа беше објавено дека Мароканецот потпиша договор со клубот.
Според одредени информациии, Интер сега ќе го сврти вниманието кон играчот од средниот ред на Бреша, Сандро Тонали . Извршниот директор на Интер , Џузепе Марота веќе се договорил со агентот на играчот за условите на петгодишниот договор, според кој 20-годишниот италијанец ќе добие 2,5 милиони евра годишно, плус одредени бонуси.
Од Интер во моментов се во напредни преговори со Бреша. Оваа сезона Тонали има одиграно 25 натпревари во италијанската Серија А, постигна 1 гол и даде 5 асистенции.

