Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, очекува „црвените“ да го задржат квалитетот и во наредните години и повторно да освојуваат трофеи.
Неговиот состав по цели 30 години пауза конечно дојде до шампионскиот пехар во Премиер-лигата. Покрај тоа во последните 13 месеци, беа освоени и трофеите во Лигата на шампионите, Европскиот Супер куп и Светскиот клупски шампионат. Хендерсон во интервју за британските медиуми, изјави, дека филозофијата на Ливерпул е да оди на победа на секој натпревар и тоа нема да се промени.
„Ние и навивачите сакаме да продолжиме на истиот начин. Сега ќе биде тешко да го задржиме интензитетот и конзистентноста во нашата игра и да бидеме секогаш на највисоко ниво“ рече капитенот на новиот фудбалски шампион на Англија.

