Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, тврди дека нема потреба од поголеми засилувања и дека постоечкиот ростер може да биде конкурентен за титулата во Премиер-лигата.
„Претседателот се согласува со моите размислувања. Не ни требаат многу нови играчи. Со или без Ковид-19, со или без учество во ЛШ, дефинитивно ќе можеме да ќе го подобриме нашиот состав“ – вели Португалецот кој патем потврди, дека се преговара за продолжување на договорот со Ерик Даер.
„Се надевам дека ќе најде заеднички јазик со раководството. Ерик ми кажа дека е среќен во клубот“ – изјави „специјалниот“.

