Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, по вчерашното реми (2:2) на теренот на претпоследниот СПАЛ во натпреварот од 29-то коло од Серија А, вели дека не е задоволен од прикажаното.
„Тоа е чекор назад бидејќи сакавме да го продолжиме нашиот победнички поход. Натпреварот започна лошо за нас а откако СПАЛ остана со човек помалку, не успеавме да се наметнеме и не ја пронајдовме посакуваната игра“ – искоментира Пиоли.
„Се надевам дека до крајот на сезоната ќе успееме да ги оствариме нашите цели. Јас работам со многу страст и професионализам, ќе видиме што се случува, но, сега е значајно да се фокусираме на новите мечеви“ – изјави тренерот на „росонерите“.

