Во моментот кога неговиот поранешен клуб Манчестер Сити му ја честиташе титулата на новиот шампион Ливерпул, Лерој Сане се фотографираше со новиот дрес на Баерн Минхен кој ќе го носи во иднина.
Од вечерва и официјално Баерн Минхен во своите редови има уште еден германски репрезентативец. Сане потпиша договор со баварците до јуни 2025 година. И покрај тоа што нема официјална информација колку чинеше овој трансфер, сепак се претпоставува дека Сити ќе добие нешто повеќе од 50 милиони евра.
Лерој Сане неколку пати одбиваше да потпише нов договор со тимот на Манчестер Сити, а веќе е јасно од која причина. 24-годишниот германски репрезентативец пред да дојде во Манчестер Сити, настапуваше за Шалке 04.