Германската екипа Борусија (Дортмунд) објави дека го привлече 17-годишниот англиски играч од средниот ред Џуд Белингам од Бирмингем Сити за 23 милиони евра.
Договорот на младиот фудбалер со Борусија Дортмунд е на пет години, информираше весникот „Билд“. Интересно е што во Бирмингем ја одбраа понудата на Борусија Дортмунд и покрај тоа што и Манчестер Јунајтед имаше интерес и понуда за овој играч. Од „Олд Трафорд“ понудија значително повеќе, 30 милиони фунти.
Оваа сезона, Белингем, кој наполни 17 години на 29 јуни, има одиграно 35 натпревари во Чемпионшип натпреварувањето во кои има постигна 4 гола.

