Една од легендите на Рома и на италијанскиот фудбал, Даниеле де Роси, може да седне на кормилото на Фиорентина која има очајна сезона во Серија „А“.
„Скај Спорт“ објави, дека Де Роси кој во почетокот на годинава се повлече од активно играње фудбал, наскоро би можел да заплови во тренерските води.
Во текстот се потенцира дека „виолетовите“ имале намера да го ангажираат Де Роси веднаш откако го напушти тимот на Рома, но, ветеранот тогаш се определи да замине во аргентинскиот состав Бока Јуниорс и таму да ја заврши кариерата.

