Напаѓачот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Карим Бензема, може да заврши зад решетки доколку се докаже дека е виновен за обид за уцена.
Французинот беше уапсен во 2015 година за уценување на соиграчот, Валбуена а веднаш потоа за истото дело беше приведен и Џибрил Сисе. Наводно, двајцата откриле компромитирачки секс-снимки во телефонот на Валбуена и го уцениле со одредена сума на пари.
Откако тоа се дозна, фудбалерот на „кралевите“ беше избркан од француската репрезентација. Сега како стојат работите, шпанските медиуми најавуваат дека напаѓачот може да биде осуден со затворска казна.

