Легендата на Барселона Чави Ернандез и официјално ја отфрли можноста за преземање на Каталонците од следната сезона 2020/21, откако потпиша нов договор со катарскиот Ал-Сад.
Ал-Сад се пофали дека се договориле со Чави за следната сезона и така сите навивачи на Барса можат да заборават на опцијата дека поранешниот играч од средниот ред ќе ја преземе функцијата на Кике Сетиен.

Официјалната веб-страница на Катарците објави дека со задоволство може да ја потврдат „целосната посветеност“ на Чави за идните фудбалски предизвици на клубот во локалното првенство и азиските меѓународни натпреварувања.
Чави има одиграно 767 натпревари за Барселона помеѓу 1998 и 2015 година, како и 133 натпревари со шпанската репрезентација. Тој освои осум титули во Ла Лига и три титули во кралскиот Куп, како и вкупно четири во Лигата на шампионите. Вкупно зад неговото име стојат 25 трофеи со Барселона, но засега нема да додава нови како тренер.

