Италијанскиот елитен фудбалски состав Рома планира да го ангажира корпулентниот напаѓач на ПСЖ, Едисон Кавани, кој го одработи договорот со францускиот тим и по завршувањето на сезоната во Лигата на шампионите ќе биде слободен играч.
Според медиумите во Италија, составот од Рим испратил официјална понуда до голгетерот, но, посебни детали засега не се откриваат. 33-годишниот ветеран во 2013 година се активираше на – „Паркот на принцовите“.
Тој досега на 200 мечеви успеа да постигне 138 голови со што стана најефикасниот фудбалер кој некогаш го носел дресот на ПСЖ.