Напаѓачот на фудбалскиот состав Барселона, Антоан Гризман, ќе остане во клубот откако добил уверување од челниците дека ќе ја има посакуваната минутажа на теренот.
Францускиот интернационалец по неговиот трансфер во претходното лето од Атлетико Мадрид на „Камп Ноу“, неочекувано во последниов период главно ја грее клупата. Медиумите дури шпекулираа дека Гризман по конфликтот со Меси може да си замине бидејќи за неговите услуги биле заинтересирани ПСЖ, Интер и Јуве.
Договорот на Гризман е валиден до 2024 година. Тој во тековнава сезона има одиграно 40 мечеви во сите конкуренции со ефект од 11 голови.

