Пред неколку дена беше јасно дека ВМФЛ – Запад ќе се пополни со тоа што една од тритте екипи ќе оди во ВМФЛ по пат на ждребка откако претходно дојде информација дека 13 играчи на екипите учесници се позитивни на коронавирус.
За ВМФЛ – Исток беше оставено простор да се тестираат играчите на Росоман и Слога Виница, а потоа да се одигра бараж натпреварот, но последните информации кои ги добивме од ФФМ велат дека еден фудбалер на ФК Росоман е позитивен, а во анкетниот лист посочил дека имал контакт со уште неколку фудблери, па затоа целата екипа на ФК Росоман ќе оди во самоизолација.
Во текот на наредните денови ФФМ ќе направи ждребка по која ќе се знае кои две екипи ќе играат во ВМФЛ, запад и исток во наредната сезона.

