Поранешниот напаѓач на Барселона, Ривалдо, не се согласува со тврдењата на првиот човек на каталонците, Жозе Бартоме, дека судиите го форсираат Реал Мадрид во трката за шампионската титула бидејќи донесоа неколку одлуки на страна на „кралевите“ откако беше користен ВАР системот.
„Барселона го победи Еспањол во каталонското дерби, но, очекував многу подобра игра од избраниците на Кике Сетиен. Тоа беше разочарувачки чекор назад откако прикажаа одлична партија против Вилјареал во неделата. Загрижен сум, Реал никако да погреши во трката за титулата“ – вели Ривалдо
„Не се согласувам со претседателот, Бартоме, кога тој вели дека е Реал фаворизиран. Тој едноставно се обидува да го одвлече вниманието од вистинските проблеми кои ги има во клубот“ – потенцираше Бразилецот.

