Роберт Левандовски, напаѓачот на Баерн Минхен , кој е најдобриот голгетер во Бундес-лигата во штотуку завршената сезона, беше прогласен за најдобар играч во Германија од страна на Здружението на професионалните фудбалери.
За напаѓачот од Полска гласаа 40,2% од фудбалерите, за Џејдон Санчо од Дортмунд гласеле 13,9%, додека Џошуа Кимих, исто од Баерн добил 7,2% од гласовите. Кај тренерите најмногу гласови доби Ханс Флик.
Еве како изгледа и тимот на сезоната во Бундес-конкуренцијата. Нојер, Хумелс, Алаба, Хакими, Дејвис, Кимих, Санчо, Хаверц, Левандовски, Халанд и Вернер.

