Патрик де Костер, кој му е агент задолжен за трансфери на играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, нагласи дека неговиот клиент воопшто не размислува дали на „граѓаните“ ќе им биде потврдена казната од УЕФА.
„Во моментов тоа воопшто не му пречи. Тој има уште тригодишен договор со тимот од светска класа. Тој е во клуб и во град во кој се чувствува добро и знае дека е ценет. Тој не размислува за трансфер“ – рече Де Костер.
Англискиот состав кој доби забрана да настапи во европските купови во наредните две години поради кршење на финансискиот фер-плеј, во меѓу време вложи жалба и сега сите ја очекуваат разврската. Дел од играчите најавија дека ќе си заминат доколку немаат можност да играат во елитата.

