Интернационалецот од Брег Слонова Коска, Саломон Калу, само два дена откако си замина од германскиот состав, Херта Берлин, потпиша за бразилскиот Ботафого.
Некогашниот фудбалер на Челзи и Лил потпишал договор само за една сезона. Тој во текот на викендот треба да ја напушти Германија и да се упати кон Јужна Америка. 34-годишниот фудбалер ќе дибитира за Ботафого во почетокот на наредниот шампионат кој треба да започне во август.
Ќе потсетиме дека екипата од Рио де Жениро претходно успеа да го ангажира и јапонскиот ветеран, Кеисуке Хонда.

