Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изрази надеж дека „граѓаните “ ќе играат во Лигата на шампионите и следната сезона.
Да потсетиме, на 8 јули, Спортскиот арбитражен суд (КАС) ја разгледуваше жалбата на Манчестер Сити против одлуката на УЕФА да го суспендира клубот да учествува во европски натпреварувања за кршење на правилата за финансиски фер-плеј. На 13 јули од страна на Спортскиот арбитражен суд ќе биде објавена одлуката по жалбата на Манчестер Сити.
„Целта на Манчестер Сити во секоја сезона е да игра во Лигата на шампионите и да направи се што е можно. Не е она што ќе се случи во понеделник. Јас сум толку сигурен, затоа што се запознав со аргументот на клубот. Мислам дека Манчестер Сити ќе игра во ЛШ следната сезона, но треба да почекаме. Потоа, ќе го искажам своето мислење или клубот ќе даде изјава“, изјави Гвардиола.