Спортскиот арбитражен суд во Лозана ја прифати жалбата на Манчестер Сити по што англискиот фудбалски тим ќе може да се појави во сите конкуренции под капата на УЕФА уште од наредната сезона.
Претходно европската куќа на фудбалот ги казни „граѓаните“ со забрана за настап во меѓународна конкуренција во период од две години поради прекршување на финансискиот фер-плеј.
Сега откако казната е поништена Манчестер Сити ќе може да игра во Европа откако во рок од 30 дена ќе плати само парична казна од 10 милиони евра