Светското првенство во Катар ќе почне на 21 ноември во 11 часот по средноевропско време, а ќе заврши со финалето на 18 декември од 16 часот.
Домаќинот Катар, кој за прв пат ќе настапи на еден Мундијал, ќе го отвори првенството против засега непознат противник на стадионот „Ал Бајт“ во градот Ал Хор пред 60 илјади гледачи на 21 ноември 2022 година во натпревар кој ќе почне во 13 часот по локално време.
ФИФА денеска го објави целосниот календар за овој Мундијал за кој квалификациите допрва треба да се одиграат, а беа прекинати поради пандемијата со коронавирусот.
Мундијалот во Катар ќе игра на 8 стадиони во само 5 градови. Тоа ќе биде прв Мундијал кој нема да се игра во периодот мај-јуни-јули, туку во ноември и декември. Воедно, Катар ќе стане најмалата земја која била домаќин.