Белгискиот голман на голот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, го освои трофејот Замора кој се доделува за најмалку примени голови во сезоната на Шпанското првенство.
Куртоа стана еден од клучните играчи на Реал Мадрид оваа сезона, прими само 20 гола на 34 натпревари во лига, што му даде најдобар просек на примени голови, 0,59 по натпревар и сто тоа го стави на првото место на листата пред голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак.
Белгискиот голман се приклучува на историскиот список на играчи на Мадрид, кои го освоиле трофејот Замора, предводени од Висенте кој има 3 трофеи.