Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, откако се израдува на титулата во Шпанија, најави дека неговите фудбалери целото внимание ќе го насочат кон реваншот со Манчестер Сити во елиминациите во Лигата на шампионите.
„Кралевите“ откако загубија дома со 2:1, сега ќе треба да одат на победа на теренот на „граѓаните“ доколку сакаат да влезат во четврт-финалето во елитната конкуренција. Францускиот стратег пред гостувањето во Англија најави дека играчите ќе добијат неколку денови одмор.
„Сега ни претстојат неколку денови за да ја вратиме силата и да се подготвиме за тоа што нè чека. Моите играчи се вистински професиналци. Сакаме да одиме понатаму во ЛШ“ – вели тренерот на новиот шампион на Примера Дивизион.

