Ѕвездата на Јувентус , Кристијано Роналдо, со двата гола во иноќешната победа над Лацио (2:1) стигна до бројката од 51 гол постигнати од кога пристигна во италијанскиот шампионат (тој постигна 21 гол минатата сезона).
Португалецот стана првиот фудбалер во историјата кој успеал да постигне над 50 голови во три од петте најсилни европски национални првенства: Премиерлигата, Ла Лига и Серија А.
Во Премиер лигата со Манчестер Јунајтед, Кристијано постигна 84 гола на 196 настапи, додека во Ла Лига постигна 311 гол на 292 натпревари за Реал Мадрид.
Роналдо, исто така, стана најбрзиот играч што постигна 50+ голови во Серија А, од сезоната 1994/95 досега.