Младиот фудбалер на Рома, Николо Заниоло, кој има неколку атрактивни понуди од Јувентус, и Манчестер Сити , побарал гаранција од челниците на „римската волчица“ дека тимот ќе биде засилен во текот на летото.
Неговиот агент задолжен за трансфери имал неколку средби со луѓето од Рим за да им ги пренесе ставовите на неговиот клиент.
Заниоло кој има одлични настапи и во континуитет и се поврзува со евентуален трансфер во ПСЖ, Борусија Дортмунд и Тотенхем, потенцирал дека сака да биде дел од конкурентен состав кој ќе се бори за титули.

