Новото засилување за екипата на АЕК Ларнака, нашиот Стефан Спировски, постигна прекрасен гол на вчерашниот контролен меч меѓу неговиот тим и екипата на Докса. Спировски погоди од преку 30 метри во мрежата на Дамјан Шишковски, кој е инаку голман на екипата на Докса.
АЕК славеше со 2:0, а Спировски беше автор на вториот гол.

