Македонските ракометни состави Металург и Бутел кои ќе бидат дел од новата Европска лига денеска ги дознаа можните противници за елиминацискиот дел.
30 екипи учесници се поделени во три зони. Бутел Скопје и Металург се во Зона 1 и се сместени во првиот шешир заедно со Минск, Турда и Виктор Ставропол. Можни ривали за македонските екипи се Спачка Винковци, Горица, Констанца, ЦСКА Москва и Ѓенѓеш. Ждрепката ќе се одржи на 28 јули во Виена од 11 часот.
Нашиот трет претставник Еурофарм Пелистер нема да игра квалификации и ќе стартува oд групната фаза.