Напаѓачот на Баерн Минхен, Лерој Сане на прес-конференција зборуваше за неговиот трансфер од Манчестер Сити, но ненамерно откри и нешто во врска со трансферот на неговиот сонародник Каи Хаверц од Баер Леверкузен во Челзи.
„Мислам дека секогаш имало многу добри млади германски репрезентативци во Германија. Многу млади фудбалери добиваат шанса и добро се развиваат во Бундеслигата. Мислам дека Челзи направи добра работа, потпишувајќи со двајца Германци во една година, Каи Хаверц и Тимо Вернер“, изјави Сане.
Претходно беше објавено дека трансферот на Каи Хаверц ќе го чини Челзи околу 80 милиони евра, а беше договорена со самиот играч плата од 8 милиони евра годишно. Хаверц му помогна на Баер Леверкузен со 43 настапи во сите натпреварувања оваа сезона. Играчот од средниот ред постигна17 голови и 9 асистенции.