Португалскиот интернационалец во редовите на Манчестер Сити, Бернардо Силва ги сподели своите очекувања за претстојниот натпревар во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
„Кој, ако не Гвардиола, може да ни помогне во играта против шпанскиот тим, особено против оној што толку добро го познава. Отсекогаш бил тренер кој знае како најдобро да игра против Реал Мадрид. Од повторното започнување на сезоната, Реал ги освои скоро сите нивни натпревари и како резултат станаа шампиони во Ла Лига. Ова само ќе ги поттикне, и тие ќе бидат целосно подготвени за дуелот против нас. Мора да бидеме во многу добра форма и да играме многу добро. Знаеме дека сме соочени со голем тим и треба да ги покажеме сите наши квалитети за да ги победиме“, изјави Силва.
Првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити заврши со победата на англискиот клуб со резултат 2:1 на „Сантијаго Бернабеу“, а реваншот на „Етихад“ ќе се одигра на 7 август.

