Манчестер Јунајтед ќе има голема активност на трансфер-пазарот оваа сезона. На списокот на желби на „црвените ѓаволи“ се вклучени осум играчи, објавуаат медиумите на Островот.
Дефанзивци : Калиду Кулибали (Наполи), Тајрон Мингс (Астон Вила), Аке (Бурнемаут).
Среден ред : Дони ван де Бек (Ајакс), Џек Грилиш (Астон Вила), Џејдон Санчо (Борусија Дортмунд).
Напаѓачи: Муса Дембеле (Олимпик Лион), Хари Кејн (Тотенхем).
На крајот на сезоната 2019/2020 година, шест играчи можат да го напуштат Манчестер Јунајтед: играчи од средниот ред Џеси Лингард и Андреас Переира, дефанзивците Фил Џонс, Крис Смолинг и Маркос Рохо и напаѓачот Алексис Санчез.
Ќе потсетиме, вчера беше објавено дека Борусија одбила да му го продаде на Манчестер Јунајтед Џејдон Санчо за 98 милиони евра.

