Европската куќа на фудбалот (УЕФА) издаде изјава во која се вели дека натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе се одигра според планот следната недела, без оглед на фактот дека има позитивни на коронавирусот во редовите на Мадрид.
Реал во вторникот потврди дека напаѓачот Маријано Дијаз е позитивен за новиот вирус, што го доведува во прашање неговиот настап во возвратниот натпревар кој е закажан за 8 август на „Етихад“.
„УЕФА е во постојан контакт со клубот, ја следиме ситуацијата од обете страни, како и одлуките на надлежните органи во Шпанија“, се вели во соопштението на УЕФА, додавајќи:
„Убедени сме дека случајот нема да влијае на регуларноста на мечот и тоа нема да го загрози играњето на овој натпревар“ .
Реал беше поразен со 2:1 од „граѓаните“ во првиот натпревар во Мадрид пред да биде запрено елитното натпреварување.