Во Монако се подготвуваат како ќе функционираат без Висам Бен Једер.
Доколку останат без овој напаѓач, клубот од Кнежеството веќе подготвува замена. Како што пренесува „Газета дело Спорт“, се работи за напаѓачот на Каљари, Жоаи Педро кој оваа сезона буквално „експлодираше“ во Серија А, имено Бразилецот постигна 18 гола на 35 натпревари.
Педро има договор со Каљари на уште три години.

