Интер Мајами се обидува да го привлече напаѓачот на Барселона, Луис Суарез. Договорот на Уругваецот со Каталонците истекува во јули 2021 година и американскиот клуб, кој беше основан од Дејвид Бекам, подготви понуда која вклучува договор за 4 години и добри финансиски услови.
Самиот Суарез се надева дека ќе ја продолжи кариерата на „Камп Ноу“. Неговиот договор автоматски ќе биде продолжен ако игра во 60% од натпреварите на тимот следната сезона. Во тековната сезона, 33-годишниот напаѓач постигна 19 голови и 12 асистенции на 34 натпревари во сите натпреварувања.
И покрај напорите на Дејвид Бекам и Интер Мајами, досега клубот не успеа да привлече големо име од Европа. Тимот го започна своето учество во првенството на САД на најлош можен начин.