Шпанските медиуми јавуваат дека Езекел Гарај ја напуштил „Местаља“, а многу веројатно дека тоа ќе го сторат и Елијаким Мангала и Муктар Дијакаби.
За да не останат со само двајца дефанзиви, Паулиста и Гијам, Валенсија веќе тргна во потрага за нов централен дефанзивец, а еден од главните кандидати за тоа место е Мартин Ваљент, фудбалер на Мајорка кој веќе беше на списокот на желби на Валенсија во периодот кога Гарај се повреди на средината од минатата сезона.
Валенсија сезоната во Ла Лига ја заврши на 9-то место со 53 освоени бодови и не обезбеди настап во Евро куповите.