Напаѓачот на Евертон, Ричарлисон е подготвен да остане во клубот уште една сезона и би заминал само со многу добра понуда.
Бразилецот им се придружи на „карамелите“ од Ватфорд за околу 40 милиони фунти во 2018 година, а неговите добри настапи на „Гудисон Парк“ го привлекоа вниманието на некои од најдобрите тимови како што се Барселона и Манчестер Јунајтед.
„Анчелоти ми рече дека смета на мене за новата сезона и да не брзам со трансфер. Не ми пречи да останам овде уште една сезона. Под водство на Анчелоти има сериозен напредок во мојата игра и јас дури и стигнав до репрезентацијата на Бразил, што е моето најголемо достигнување досега“, изјави Ричарлисон.

