Напаѓачот на Зенит, Артем Џјуба го продолжи договорот со клубот, според официјалната веб-страница на тимот од Санкт Петербург. Новиот договор на 31-годишниот фудбалер со оваа екипа е според шемата „2+1“ година.
„Фудбалскиот клуб Зенит му честита на Артем Џјуба за продолжувањето на соработката и му посакува среќа на теренот и пошироко!“ – се вели во соопштението.
Џјуба ги брани боите на Зенит уште од 2015 година, а половина од сезоната 2017/2018 ја помина во Арсенал Тула. Пред да се пресели во клубот од Санкт Петербург, Артем ги бранеше боите на Спартак, од кои дојдеј. Од оваа екипа тој играше со позајмици во Томск и Ростов. Тој е повикан во руската репрезентација уште од 2011 година. Во моментов е капитен на репрезентацијата.
Минатата сезона Џјуба учествуваше на 28 натпревари од руската Премиер лига и му помогна на Зенит да ја освои втората последователна шампионска титула. Играчот имаше 17 голови и 12 асистенции во сезоната која заврши.
