Напаѓачот на Монако, Висам Бен Једер може да ја продолжи кариерата во германскиот шампионат. Според извори од Бундеслигата, Баерн Минхен покажува сериозен интерес за играчот.
Во тековната сезона во Франција која заврши предвреме, Бен Једер одигра 26 натпревари за Монако на кои постигна 18 гола и направи 6 асистенции. Договорот на играчот со клубот е до 2024 година, а трансферната цена се проценува на 40 милиони евра.