Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел призна дека шансите Килијан Мбапе да се опорави и да настапи против Аталанта во четвртфиналето на Лигата на шампионите се мали. 21-годишната sвезда заработи повреда на зглобот за време на финалето во Купот на Франција против Сент Етијен.
„Се уште се надеваме дека Мбапе ќе игра против Аталанта, но шансите се многу, многу мали. Ова ќе влијае на тимот, но се надевам дека ќе најдеме решение”, рече Тухел. Натпреварот против Аталанта е на 12 август, а денес ПСЖ се соочува со Лион во битката за трофејот во Лига купот.
Германскиот тренер смета дека Мауро Икарди може успешно да го замени Мбапе. „Тој настапи многу добро на контролите. Одлично се разбираат на теренот со Нејмар, Мбапе и Ди Марија. Тој сака да игра со сите тројца. Не мора да игра многу со топката, може да почека и има трпеливост”, рече Тухел.