Францускиот весник – „L Ekip“ го прогласи тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан за најдобар на светот.
Стратегот на „кралевите“ доби најмногу гласови во анкетата во која на второто место заврши тренер на Ливерпул, Јирген Клоп додека третото место го обезбеди менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.
Французинот кој годинава успеа да ја освои Ла Лига, во периодот од 2016 до 2018 година ги однесе „белите“ до титулата во Шпанија и пехарот од домашниот Супер-куп. Зидан три пати во серија ја покори Европа а во два наврата му се израдува на пехарот од Супер купот на УЕФА и од Светското клупско првенство.