Манчестер Сити го објави своето ново засилување пред наредната сезона отккао го комплетираа трансферот на Феран Торес од Валенсија.
20-годишниот Шпанец кој настапува на крилната позиција имаше одлични настапи за Валенсија и со тоа го привлече вниманието на Пеп Гвардиола, кој реши да го донесе во неговата екипа и да ја засили конкуренцијата во офанзивата. Феран Торес и Манчестер Сити потпишаа петгодишен договор. Играчот целата професионална кариера ја мина во Валенсија, а има настапи за младинските репрезентации на Шпанија со кои оствари големи успеси.
Торес би требало да биде адекватна замена за Лерој Сане кој се пресело во Баерн Минхен, за кого беше платена двојно поголема сума.