Тренерот на Интер, Антонио Конте ги сподели очекувањата за претстојниот натпревар во Лигата на Европа со Хетафе.
„Ќе направам се што е во моја моќ да ја освојам Лигата на Европа. Неизбежно е дека има и други кои сакаат тоа да го правиме, но треба да одиме чекор по чекор. Денешниот натпревар ќе биде многу тежок и треба добро да се подготвиме за овој натпревар. Откако ќе заврши средбата ќе мислиме за следниот натпревар, но се тоа зависи од она што ќе одиграме вечерва. Ние мора да успееме, да ја демонстрираме желбата да одиме понатаму и да победиме“, изјави Антонио Конте за „Фудбал Италија“.
Овој 1/8-финален натпевар од Лигата на Европа меѓу Интер и Хетафе ќе се одигра денес, 5 август, со почеток во 21:00 часот во гелзенкирхен на „Фелтинс Арена“.

