Тотенхем е блиску до привлекување на данскиот репрезентативец Пјер-Емил Хојбјерг. Трансферот ќе биде во вредност од 15 милиони евра.
Договорот се очекува да биде потврден за неколку дена. Поранешниот играч на Баерн (Минхен) на почетокот на трансфер периодот имаше понуда од Евертон, но одби да го носи дресот на „карамелите“.
Хојбјерг стана дел од составот на Саутемптон во 2016 година, одигра 113 натпревари и постигна 4 гола во сите натпреварувања.